367
Научниците открија дека мистериозните области што можеме да ги сретнеме во пустините на Намибија и Австралија се многу пораспространети отколку што мислевме. Имено, постојат пустински пасишта прошарани со милиони чудни кругови, во кои нема трева или друга вегетација. Оваа чудна појава затоа беше наречена самовилски кругови.
Според новата проценка на стручњаците, самовилските кругови можат да се најдат на 263 места, односно на три континенти и во 15 земји, вклучувајќи ги Мадагаскар и Централна Азија. Оваа нова информација би можела да им помогне на научниците да откријат што точно ги предизвикува, пишува Science Alert.