Денеска е 189-ти ден од почетокот на руската спецјална операција во Украина. Украинските медиуми објавија извештаи за пожар во складиште за нафта во село во близина на кримскиот град Џанкој, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Тамошните власти се уште не ги коментираат видеата од пожарот што се споделуваат на социјалните мрежи.
Украинскиот портал NEXTA објави видео на кое се гледа пожар на кој извира густ црн чад . Иако засега не е познато што е причината за пожарот се претпоставува дека се работи за истрелана украинска ракета која е дел од најавената контра-офанзива на украинската армија која за само седум дена по трет пат стрела врз руските позиции на полуостровот Крим.
Local Telgeram channels report that explosions could be heard in occupied #Krasnohvardiiske, #Crimea. pic.twitter.com/wPGd385shJ
— NEXTA (@nexta_tv) August 31, 2022
Во меѓувреме, институтот за проучување на војната објави нова мапа од фронтот во Украина во која се анализира напредокот на украинската контраофанзива во и околу јужниот град Херсон. Украинските сили, наводно, почнале да ги напаѓаат руските понтонски траекти кои се движат преку реката Днепар на 29 август, што се совпаѓа со почетокот на украинската офанзива.