Вулканот во југозападен Исланд денеска еруптираше по втор пат оваа година, исфрлајќи лава висока до 80 метри.
Тоа е шеста вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.
Блискиот геотермален спа центар Blue Lagoon денеска беше затворен поради ерупцијата.
Исландскиот геофизичар Ари Траусти Гудмундсон за Ројтерс изјави дека денешната ерупција веројатно нема да претставува директна закана за рибарскиот град Гриндавик, но дека може да претставува закана за патот до тој град, централата, па дури и за спа центарот Blue Lagoon.
Меѓународниот аеродром Кефлавик во Рејкјавик е отворен и работи нормално, соопшти аеродромскиот оператор.
🚨 #Breaking🚨: Iceland's Reykjanes Peninsula witnesses its third volcanic eruption this year! 🌋 This time, the lava flows have shifted further north, away from Grindavik. Authorities are closely monitoring the situation. Stay informed! #Reykjanes #IcelandVolcano #VolcanoAlert pic.twitter.com/1EdPTftGW6
— Jamal Amin (@AminJAbdullah) February 8, 2024
Претходната ерупција во областа започна на 14 јануари и траеше околу два дена, а лавата стигна до работ на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители веќе беа евакуирани, кога три куќи се запалија.
Iceland volcano erupts for third time in just months as huge lava fountains spew into airhttps://t.co/GiWf4l5ZmK pic.twitter.com/T9219XBlVD
— Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) February 8, 2024
Во ноември, исландските власти почнаа да градат насипи за да спречат лавата да стигне до електраната и домовите. Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани.