Уште еден голем пожар го зафати Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми. Пожарот избувнал во хангар на проспектот Пискаревски во Санкт Петербург.
За ова на каналот Телеграм информира прес-службата на главната управа на Министерството за вонредни состојби за северниот главен град.
„Во 10 часот и 59 минути е пријавен пожар на адреса: округ Красногвардејски, Пискаревски проспект, куќа 125. Хангарот со димензии 80 на 10 метри гори на целиот простор“, се наведува во пораката.
Во 11:18 часот противпожарната единица е подигната на второ ниво. Во гаснењето на пожарот вклучени се 12 технички единици и 60 спасувачи. Се уште нема извештаи за жртви.
Северната руска престолнина вчера беше зафатена од голем пожар кога пожарот зафати површина од 1.400 метри квадратни.
A major fire has erupted at a fuel depot in St Petersburg, Russia.
Witnesses say they heard explosions before the fire started pic.twitter.com/LDBllzR0Aq
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 3, 2023