(ВИДЕО) Нов инцидент во Собранието: Пратеник го штитеше микрофонот на колешка

by Фокус

До доцна синоќа траеjа препукувањата помеѓу пратениците од власт и опозицијата Законодавно-правната комисија. Измените на Законот за работни односи се разгледани според извештајот потпишан од Снежана Калеска-Ванчевска.

Распрaвата ескалираше кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да и го исклучат микрофонот на Калеска-Ванчевска за да не прогласи крај на седницата, додека пак пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ гo штител микрофонот на пратеничката.

Комисијата Предлог на законот за дополнување на Законот за работните односи го проследи на натамошна постапка во Собранието“, стои во извештајот потпишан од Калеска – Ванчева, каде отфрлени се над 300 амандмани.

Заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во 1 часот по полноќ одржа и прес-конференција.

Таа кажа дека не добиле процедурални обраќања бидејќи мнозинството пратениците имале за цел точно на полноќ да заврши расправата на комисијата.

-Немавме можност за процедурални забелешки и да ги кажеме дека овој закон не беше за во скратена постапка, ниту за на Комисијата за европски прашања. Расправа немаше на ниту една комисија. Се беше противзаконски. Во паника се. Вчера потклекнаа да извршат физички напад врз нас и наши колеги, денес исто се случуваше. Мора да знаат дека ќе ја сносат одговорноста. Се обидовме да ги вразумиме, побаравме пауза. Не ни дадоа, бидејќи морало да помине ова во 12 часот. Затоа ви ја честитам Среќна нова ’49 со оваа криминална и мафијашка власт. Нека го отворат шапањското и нека добијат само горчив вкус, бидејќи горчина има во сите кои очекуваат нешто од оваа власт која си поигрува со сите – кажа Стојаноска.

.

Измените на Законот за работни односи треба да се најдат на пленарна седница. Таа може да се одржи веднаш откако ќе заврши седницата за поставување на пратенички прашања која е закажана за во 11 часот.

 

Поврзани новости