86
Maкедонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски во победата против Хиберниан денеска го постигна својот 16. гол сезонава.
Абердин во првото полувреме преку Кларксон и Полвара поведе со 0:2, а Миовски на стартот од вториот дел по една убава акција стрелаше прецизно за 0:3.
Со 16 гола штипјанецот во овој момент е трет стрелец во шкотското првенство зад Шангланд (22) од Хартс и Таверниер (17) од Ренџерс.
Тој пред неколку дена беше номиниран за играч на сезоната во Шкотска.
Ова е денешниот погодок:
BM9 Bojan Miovski goal
3-0
Hibs are falling apart again pic.twitter.com/SUAVSsVaiM
— Rop Ted (@roptedmin) May 12, 2024