„Во однос на планот за раст апсолутно мислам дека е добар механизам кој што ЕУ го предлага за сите земји од Западен Балкан затоа што основните две причини зошто луѓето сакаат од регионот да се зачленат или да се приближат до ЕУ е владеењето на правото и економскиот раст, односно подобриот животен стандард. И тука мислам дека треба да сме паметни како држава и како општество да ги искористиме овие средства со цел да поттикнеме раст во рамки на државата, мислам дека ова ниво на раст во државата не држи далеку од било што би се нарекло европски стандард, мора да работиме поинтензивно на подобрување на инфраструктурата и патна и железничка, мора да работиме поинтензивно на подобрување на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање на шанса на приватниот сектор ние сме мала држава, извозот мора да е основа на развојот на приватниот сектор без разлика дали се работи на производство или за интелектуални услуги мора да работиме на поттикнување на извозот доколку сакаме да имаме цврсто и стабилно стопанство во Македонија“ рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Националниот совет за евроинтеграции.
Тој вели дека „сега сето ова е поврзано со владеењето на правото и за тоа нели има исто така патоказ за реформи туку мислам дека Македонија нема со што да се пофали за жал во државата со години корупцијата цвета економијата тоне тоа е константа која што можеме да ја видиме и јас останувам на она што го зборувам со години го зборувам и во овој период дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција“.
„Тоа го прават така затоа што никој не им врши притисок да не го прават обратното а гледаме дека доколку се направи политички притисок тоа го видовме и на последниот состанок на Европскиот Совет апсолутно можат да се променат овие работи и како што често велам ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои што и самата ЕУ но и земјите членки можат да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори но за жал неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори пред се и заради високото ниво на криминал и корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото. Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат“ порача Николоски.