(ВИДЕО) Николоски го покажа фамозното уесбе, тврди дека Груевски им доставил такво на Ахмети, Џафери и на уште едно лице

by Fokus

Александар Николоски – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „360 степени“ сподели материјали за кои тврди дека се дел од тајната комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски, лидерот на ДУИ – Али Ахмети, претседателот на Собранието – Талат Џафери, и уште едно лице.

Николоски на интервјуто покажа уесбе, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски.

Николоски сподели три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од уесбето, а коа, според него, се докази дека веќе подолго време Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние спомнавме дека имаме докази за таа работа. Јас, еве – ќе ги извадам вечерва во интервјуто. Ова е тоа фамозно уесбе-стикче на коешто ги има измените. А, измените ќе Ви ги оставам. Ако ги прочитате измените на Кривичниот законик, коишто се доставувани минатата година…

На прашање дали „Ова за што зборувате е содржина од уесбето?“, Николоски вели „Да. Значи, овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса“.

На прашање „Од кого?“, потпретседателот на опозициската партија вели „Од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.

Поврзани новости