(Видео) Невреме во Загреб, поплавен Клиничкиот болнички центар „Ребро“

by Fokus

Полициската управа (ПУЗ) во Загреб извести дека во невремето  што го завафти денес Загреб загинале 50-годишен пешак и 48-годишен возач на автомобил, а 36-годишен маж е тешко повреден при падот на градежен кран.

Полицискиот центар за комуникации добил повеќе од 100 пријави за паѓање дрвја и штети предизвикани од невремето во областите Запрешиќ и Загреб, јави Индекс.хр.

„Полициските службеници со сите расположливи средства и персонал постапуваа со цел отстранување на опасноста по имотот и животот на луѓето“, посочуваат од ПУЗ.

Според информациите од Институтот за итна медицина на град Загреб, неколку граѓани се здобиле со физички повреди, од кои некои потешко. Според објавите во хрватските медиуми има  шесетина повредени.

Невремето што го зафати Загреб предизвика значителна штета во Клиничкиот болнички центар „Ребро“. На социјалните мрежи се шират снимки од поплавата во болницата, а како што може да се види на една, по скалите на болницата се излева вода во огромни количини.

 

&;

Поврзани новости