Еден од хероите на последните Олимписки игри во Париз – Леон Маршанд повторно го воодушеви светот со неверојатна трка, овој пат на 200 метри мешано, која ја заврши за време од 1’48”88.
Претходниот светски рекорд кој го држеше Лохти во 2012 година беше 1’49”63.
Маршанд на тој начин продолжи да доминира на азиската турнеја, каде што е моментално. Тој без вистинска конкуренција исплива во Шангај, па во Инчон, а потоа блесна во Сингапур и ја потврди својата репутација на најбрз пливач на денешницата.
LÉON! AGAIN!
MARCHAND WINS THE 200 BREAST AT 1:48.20 😈 pic.twitter.com/o3hT7LhfyA
— Sun Devil Swim/Dive (@ASUSwimDive) March 26, 2022
Ова беше негов втор светски рекорд во кариерата.
Со првиот го надмина „балтиморскиот куршум“ Мајкл Фелпс и неговиот рекорд на 400 метри мешано – тоа му успеа претходната година во Фукуока на Светското првенство.
По спектакуларните резултати во Париз, Маршанд најави дека во следните години ќе ги нападне сите можни рекорди и ќе се обиде да ја збогати својата колекција од медали на најголемите натпреварувања. Тој план почна да се реализира веќе оваа година.
Да потсетиме, Маршанд на претходните Олимписки игри освои четири златни медали, а следниот голем предизвик го очекува на светското првенство во Будимпешта од 10 до 15 декември.