5
На натпреварот од АБА 2 лигата помеѓу Златибор и Борац од Бања Лука се случи невообичаена сцена.
Имено, во текот на првата четвртина за гостинскиот тим во еден момент на теренот имаше шест кошаркари. Сето тоа траеше два напади.
Интересно е што никој од судиите, делегатите и тренерите не ја забележа оваа ситуација.
Оваа ситуација можете да ја видите на видеото на 13:30 минути:
Сепак, челниците на регионалното натпреварување реагираа по крајот на мечот и ја суспендираа судиската тројка – Радош Савовиќ, Воислав Лепетиќ и Миодраг Лакиќевиќ на два натпревари поради потпросечен учинок на споменатиот натпревар.
Инаку Борац по продолженија го победи тимот на Златибор со 93:90.