874
Ова лето во Крушево се одржуваат неколку големи натпреварувања во летање со параглајдер, а глетката на небото над градот и околијата е неверојатна.
Секојдневно жителите од овој регион гледаат стотици параглајдери на небото, кои даваат посебна шареноликост во оваа сива атмосфера во која се наоѓа Македонија.
Параглајдеристи има од целиот свет ова лето во градот, кој долги години наназад е редовен домаќин на љубителите на овој екстремен спорт.
Од друга страна, општо познато е дека Крушево ги има едни од најдобрите терени во Европа за полетување.
Јорданчо Цветаноски