(Видео) Неверојатна атмосфера во Букурешт: Така мала земја, а така големи навивачи!

by fokus

Атмосферата пред натпреварот во Букурешт не се доловува со зборови. Еве, видео за читателите на ,,Фокус”, за да може да се почувствува дел од таа еуфорија која од која сме дел ние, околу три до четири илјади фанови кои сме присутни на ЕП – за ,,Фокус” вели Мирослав Попоски, познат во јавноста како човек кој е секогаш присутен на трибините, давајќи поддршка на македонската репрезентација, во сите спортови.

Појаснува дека навивачите се обединети како никогаш порано, и владее победничко расположение.

-Овде, навивачи од други земји, не гледаат како со душа навиваме и бодриме, и ни се воодушевуваат на ентузијазмот. Посебно навивачите од Романија, велат дека ваква навивачка екипа немаат видено до сега, ваква радост и гордост, како веќе да сме победници на првенството – вели Попоски.

Додава дека атмосферата пред почетокот на натпреварот со Украина е на ниво, се пее во еден глас, улиците се преплавени со црвена и жолта боја.

-Така мала земја, а така големи навивачи! Неверојатно! На ваква поддршка, секоја фудбалска екипа би позавидела – бил само еден од многубројните коментари од присутните во Букурешт, каде во 15 часот започнува дуелот помеѓу Македонија и Украина, на ,,Националната Арена”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости