(ВИДЕО) Нетанјаху откри кој е планот на Израел со Појасот Газа

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаше интервју за американскиот ABC News каде откри каков е планот на Израел со територијата на Појасот Газа.

Нетанјаху го започна интервјуто со нагласување на барањата на Израел за прекин на огнот во Појасот Газа.

Како што рече: „Нема да има генерален прекин на огнот во Газа без ослободување на нашите заложници. Што се однесува до тактички кратки паузи, еден час овде, еден час таму. Ги имавме и претходно, претпоставувам, ќе ги провериме околностите да дозволиме хуманитарна помош да дојде или нашите заложници поединечно да ја напуштат Газа. Но, мислам дека нема да има општо примирје“.

Тој продолжи да зборува за потенцијално примирје, велејќи дека тоа само ќе ги запре воените напори и дека нема да има дискусија за тоа во иднина.

Од почетокот на овој конфликт, на 7 октомври, голем дел од јавноста сакаше да го слушне планот на Израел за Појасот Газа, кога ќе заврши конфликтот. Овој план Нетанјаху долго го „чуваше“ за себе, а во овој разговор го откри.

„Сигурно е дека Израел, на неодредено време, ќе ја има севкупната безбедносна одговорност бидејќи видовме што се случува кога ја немаме. Кога ја немаме таа безбедносна одговорност, она што го имаме е избувнување на тероризам на Хамас во размери што не можевме да ги замислиме“, рече Нетанјаху.

Поврзани новости