ВИДЕО: Немири на местото на престрелката во Париз, полицијата се судри со гневните Курди

by Fokus

На улиците во Париз владее хаос, по судирот меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, чии сонародници загинаа во престрелка.

Веднаш по пукањето во кое биле убиени тројца Курди, на местото на злосторството почнаа да се собираат членови на курдската заедница, повикувајќи ги своите сонародници да излезат на улица и да протестираат. Потоа дошло до конфликт и судир со полицијата.

Вилијам М. (69) од се уште непознати причини испукал најмалку осум куршуми во близина на Курдскиот културен центар, при што убил тројца а ранил уште четворица припадници на курдската зедница

Веднаш почнале да се собираат припадници на курдската заедница, кои ги повикаа своите сонародници да излезат на улица и да протестираат.

Според француските медиуми, биле фрлани камења, солзавец, а демонстрантите ја запалиле оградата што полицијата ја поставила за да ги спречи луѓето да се приближат до местото на злосторството.

Поврзани новости