ВИДЕО: Некои православни Украинци денес го слават Божиќ

by Fokus

Украинското население, кое е претежно од православна вероисповед, вообичаено го слави Божик на 7 јануари, исто како и руското, но оваа година дел од православните Украинци решија да го прослават Божик денеска, 25 декември, со благослов на нивните локални цркви.
Прославата на раѓањето на Исус во декември се сметаше за радикална во Украина до неодамна, но руската инвазија го промени ставот на многумина.

Во октомври, Православната црква на Украина, која се бореше за независност од Руската црква и втората од двете православни цркви во Украина, се согласи да им дозволи на верниците да го прослават Божиќ на 25 декември.

Изборот на тој датум има јасни политички и верски призвук во земја со ривалски православни цркви и каде малите ритуални промени можат да имаат моќно значење во културната војна која се одвива паралелно со вистинската војна, пишува АП.

За некои луѓе, промената на датумот претставува одвојување од Русија, нејзината култура и религија.

„Она што започна на 24 февруари, целосната руска инвазија, е будењето и разбирањето дека повеќе не можеме да бидеме дел од рускиот свет“, рече Олена Палиј, сметаат дел од православните украински верници.

Руската православна црква, која тврди дека има власт над православието во Украина, и некои други православни цркви сè уште го користат стариот, јулијански календар. Според тој календар, Божиќ е на 7 јануари, 13 дена подоцна од Грегоријанскиот календар што го користат повеќето црковни и световни групи.

Католичката црква го прифатила модерниот, астрономски попрецизен Грегоријански календар во 16 век, а подоцна тоа го направиле и протестантите и некои православни цркви.

Во октомври Синодот на Православната црква на Украина донесе одлука поглаварите на помесните цркви заедно со своите верници да го изберат датумот на прославата на Божиќ, велејќи дека тоа е одлучено по долги години дискусии, но и дека тоа е последица на воените околности.

Во 2019 година, вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот водач на Православната црква, и додели целосна независност – автокефалност на Православната црква на Украина. Украинците кои се залагаа за признавање на нивната црква во тандем со политичката независност на Украина, долго време бараа такво одобрение.

Руската православна црква и нејзиниот водач, патријархот Кирил, остро протестираа против потегот на Константинопол, велејќи дека Украина не е под јурисдикција на Вартоломеј.

Другата голема гранка на православието во таа земја, Украинската православна црква, остана лојална на Москва до избувнувањето на војната. Таа прогласи независност во мај, иако останува под државна контрола. Таа црква традиционално го слави Божик на 7 јануари.

Поврзани новости