0
Фудбалерите на Ал Хилал победија со 5:4 на гостувањето кај Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати во третото коло од азиската Лига на шампиони и ја продолжија максималната серија во елитното натпреварување бидејќи во моментов имаат максимални девет бода.
Сепак, она што дефинитивно го одбележа овој натпревар е враќањето на терените на бразилскиот фудбалски ас, Нејмар, кој беше надвор од теренот една година поради скинати лигаменти на коленото.
Нејмар во игра влезе во 77. минута, наместо Насер Ал Доусари, а од трибините беше придружуван од членовите на семејството:
369 days since suffering an ACL injury, Neymar makes his return for Al-Hilal 💪
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/0Oa8l2WlVp
— B/R Football (@brfootball) October 21, 2024