(ВИДЕО) Неготино прекриено со чад, градоначалникот бара хеликоптер за да се изгаси големиот пожар!

by Fokus

Голем пожар од утрово се шири во неготинско Пепелиште, а густиот чад е надвиснат над Неготино. Станувало збор за пожар кој напрвин зафатил ниска вегетација, а потоа започнал да се шири кон планината Серта.

Неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов за „Фокус“ информира дека побарал од ЦУК да се испрати хеликопер, со цел да се изгасне и локализира големиот пожар.

 

– Поради високите температури во моменотот не е испратен хеликоптерот, се загревале роторите. Но, најдоцна за еден час ќе биде испратен, изјави градоначалникот.

Во моментов на гаснење на пожарот интервенирале осум пожарникари од неготинската противпожарна единица со две возила, како и претставници од Армискиот полигон Криволак.

Вики Клинчарова

Поврзани новости