Холандија и Англија вечерва од 21 часот ќе го играат полуфиналето на Европското првенство во Дортмунд.
Англија е благ фаворит, иако не се истакнаа на овој турнир.
Dortmund right now, wow… 🧡 pic.twitter.com/N5r7KuBywm
— 𝐀𝐅𝐂 𝐀𝐉𝐀𝐗 💎 (@TheEuropeanLad) July 10, 2024
Англичаните со подобро изведување на пенали ги прескокнаа Швајцарците во осминафиналето, а Холандија со пресврт ја елиминираше Турција.
Пред дуелот навивачите на Холандија го преплавија германскиот град Дортмунд.
Ова не е случај само за полуфиналето, туку тие направија неверојатна атмосфера речиси пред секој натпревар на својата репрезентација.
View this post on Instagram
Тие го „окупираа“ градот и она што може да се види е само нивната препознатлива портокалова боја.
Репрезентациите на Англија и Холандија во својата историја досега одиграле 22 дуели.
Холандија победи на седум, Англија на шест дуели, додека девет натпревари завршија нерешено.
Победникот од натпреварот Холандија – Англија ќе игра во финалето на ЕП против Шпанија, која синоќа во првото полуфинале ја победи Франција со резултат 2:1.
Финалето е закажано за в недела од 21 часот во Берлин.