Стотици неонацисти се собраа на плоштадот во близина на метро станицата во областа Мите и маршираа до главната железничка станица (Хауптбанхоф) во Берлин, јавува Anadolu.
Берлинската полиција денеска употреби солзавец против левичарските демонстранти кои ден пред изборите во Бундестагот го блокираа маршот на околу 200 десничарски екстремисти, објавија германските медиуми.
Жестоки судири со полицијата се случија кога левичарските демонстранти се обидоа да ги пробијат полициските кордони обезбедувајќи митинг на десницата.
Левичарите во неколку наврати ја блокираа маршрутата на десничарите, опишани од германските медиуми како неонацисти, од станицата Фридрихштрасе до главната железничка станица во Берлин. Неколку демонстранти беа уапсени по судирите со полицијата.
Според полицијата, попладнево се собрале околу 200 десничарски екстремисти, додека повеќе од 1.000 леви демонстранти се обиделе да ги спречат.
Во Германија утре се одржуваат предвремени парламентарни избори, а според анкетите најголема поддршка од граѓаните имаат Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦДУ-ЦСУ), додека на второ место е Алтернатива за Германија (АфД).