Во селото Петропавловскаја на периферијата на главниот град на Чеченија Грозни, вчера беше нападнат конвој на руската национална гарда (Росгвардија), при што загина еден војник, а друг беше ранет.
Украинска Правда го пренесува рускиот сервис Би-Би-Си дека нападот го извршиле непознати лица.
— Pluton (@Pluton45873221) October 25, 2024
Се наведува дека на телеграмските канали на чеченската опозиција се појавила видео снимка, наводно направена по нападот. На снимката се гледа воен камион со дупки од куршуми, крв на патот и мртов гардист.
Каналите Mesh и Baza Telegram објавија дека нападот се случил околу пладне по локално време.
Росгвардија соопшти дека безбедносните сили активно трагаат по напаѓачите.
Киев пост го објави видеото на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), а во описот беше наведено дека етничките тензии продолжуваат да зовриваат во Русија и дека напаѓачите се Чеченци.