Силна експлозија е снимена денеска во Одеса, каде, според пишувањата на медиумите, е планирана средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јавува Анса, повикувајќи се на информации од неколку украински канали Телеграм.
‼️🇺🇦💥 BREAKING Powerful explosion in Odessa, where the Prime Minister of #Greece was supposed to meet with #Zelensky.
🚨 Air raid alarm and an explosion in Odessa.
Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis was supposed to visit the city today to meet with President Zelensky. pic.twitter.com/sp5k9kEZkc
— Maimunka News (@MaimunkaNews) March 6, 2024
На едно од видеата објавени на социјалните мрежи се гледа поворка од неколку лимузини и минибуси, наведува италијанската агенција. Според истите извори, експлозијата се случила во близина на градското пристаниште и ѝ претходела тревога за воздушен напад.
From Telegram…Zelensky arrived in Odessa today to meet with the Greek Prime Minister and reward the special operations soldiers for the sabotage in Crimea.
An award ceremony was supposed to take place in the port, and it was there at 11:43 that an explosion occurred, allegedly… pic.twitter.com/AfowgXwwzK
— Peacemaker (@peacemaket71) March 6, 2024
Грчките медиуми јавуваат дека Мицотакис денеска е во посета на Одеса на средба со Зеленски.
Како што пишува грчки „Прототема“, околу пладне била нападната колоната на украинскиот претседател, која се наоѓала на 150 метри од грчката делегација предводена од грчкиот премиер Мицотакис.
Russians send ballistic missiles to the center of Odesa while the Greek Prime Minister and Zelensky are in town.
Here, explosions interrupt a church service and daily life. pic.twitter.com/HTxklocPos
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) March 6, 2024
– Сите сме добро – изјавил за грчкиот портал Ставрос Папаставру, кој е дел од грчката мисија.
Грчкиот „Ант њуз“ пишува дека експлозијата се случила пред средбата меѓу Зеленски и Мицотакис.
Ballistic missiles have been hitting Odessa today, where Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis reportedly arrived earlier today to meet Zelensky.
It is a city of tremendous importance for Greek history, as it is the place where the Greek Revolution was planned. pic.twitter.com/l7E99seznL
— Niko Efstathiou (@NikoEfst) March 6, 2024
Експлозиите биле предизвикани од руска балистичка ракета, а некои грчки медиуми наведуваат дека станува збор за напад со беспилотно летало.