По скандалот во Турција и нападот на претседателот на фудбалскиот клубот Анкарагучу, Фарук Коча врз судијата Халил Умут Мелер, управата на тамошната лига го прекина натпреварувањето.
По завршувањето на натпреварот помеѓу Анкрарагучу и Ризаспор при резултат 1:1, а по голот на противникот во 97. минута, првиот човек на клубот со дивјачки напад го удри судијата во глава.
Ankaragücü Başkanı Faruk Koca, Ankaragücü – Rizespor maçını hataları ile mahveden hakem halil umut meler’e maç sonu koşarak yumruk attı! pic.twitter.com/7ZZr56owMk
— Ankaragücü Lord (@AnkaragucuLord) December 11, 2023
Како што пишуваат турските медиуми, и Мелер и Коча веднаш биле пренесени во болница, а Коча таму завршил под полициска придружба, па се очекува по прегледот и лекувањето да биде приведен. Во бурниот меч, нападнатиот судија исклучи по еден играч од двата тима, а потоа Ризеспор израмни со голот на Адолфо Гајч.
Цела Турција беше шокирана од дивјаштвото, па се огласи и претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Го осудувам нападот на судијата Халил Умут Мелер по натпреварот Анкарагучу – Ризеспор и му посакувам брзо закрепнување“, се цитирани зборовите на Ердоган во турските медиуми.
Првиот човек на фудбалот таму, Мехмет Бујукекси подоцна тврдеше дека Суперлигата е одложена на „неодредено“ по насилниот чин.
Нападнатиот судија Халил Умут Мелер има 37 години и е на списокот на елитните судии на УЕФА, па оваа сезона беше судија на три натпревари од Лигата на шампионите.