Денеска Русија нападна супермаркет во Костиантивка, потврди Министерството за надворешни работи на Украина.
„Русија продолжува да врши злосторства против украинскиот народ, гаѓајќи ја цивилната инфраструктура“, велат тие.
Најмалку 4 луѓе се убиени, а 24 се ранети.
Пожарот во трговскиот центар од 1.000 метри квадратни е изгаснат, а оштетени се станбени згради и автомобили, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.
Оштетени се станбени згради, продавници и десетици автомобили.
„Војната против цивилите е сè што знаат. Русија мора целосно да се соочи со последиците за сè што направи“, рече Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.
„Луѓето се под урнатините. Спасувачката операција е во тек и ќе се направи се за да се спасат луѓето. Моето сочувство до семејството и пријателите. Русија ќе биде одговорна за овој терор, а ние ќе дадеме се од себе светот да продолжи да стои покрај Украина, да ја одржува нашата заштита и да ги спасува животите на нашиот народ“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.