Неколку лица во германскиот град Манхајм, меѓу кои и десничарски антиисламски активист, се повредени кога напаѓач ги избодел со нож, соопшти полицијата.
Според информациите, инцидентот се случил нешто по 11:30 часот. За Билд е потврдено дека се работи за конзервативниот политичар и антиисламист – Михаел Стурценбергер (59).
На снимката се гледа како маж вооружен со голем нож се нафрлува на друг маж пред и двајцата да паднат на подот. Разбеснетиот напаѓач ја избодел својата жртва неколкупати во лицето, вратот и градите.
Allahu-Akbar: Islam-Kritiker Michael #Stürzenberger wird bei einer Kundgebung in #Mannheim von einem streng gläubigen Messer-Moslem abgestochen!
Auch ein Polizist bekommt einen Stich in den Hals.https://t.co/gPPKqrXkkK pic.twitter.com/5ZW1PvzFbW— Hartes Geld (@Hartes_Geld) May 31, 2024
Полицијата во Манхајм го соопшти инцидентот, велејќи дека денеска на плоштадот во Манхајм биле нападнати неколку лица.
„Едно лице нападнало неколку лица со нож и ги повредило. Засега не може да се даде информација за степенот и тежината на повредите. Потоа против напаѓачот било употребено огнено оружје. Повреден е и напаѓачот“, се вели во соопштението на германската полиција.
Исламскиот критичар Стурценбергер е поранешен медиумски портпарол на ЦСУ во Минхен, признат критичар на исламот и член на организацијата Пакс Европа, според веб-страницата на граѓанското движење.