(ВИДЕО) Најстарото куче во светот наполни 31 година

by Fokus

Боби, португалското куче кое во февруари беше прогласено за најстарото куче на светот од Гинисовата книга на рекорди, во четвртокот го прослави својот 31-ви роденден.

Семејството на Боби планираше роденденска забава во сабота во неговиот дом во Конкеирос, село во јужна Португалија, пренесе Си-Ен-Ен.

Претходно, неговиот сопственик Леонел Коста изјавил за Гинис дека тоа ќе биде „многу традиционална“ португалска забава, на која ќе присуствуваат повеќе од сто луѓе, а ќе настапи и танцова група, се вели во соопштението.

Коста изјавил дека Боби ужива огромно внимание откако ја понесе титулата за најстарото куче на светот и дека многу новинари и луѓе од целиот свет доаѓаат да се сликаат со него.

Тој додаде дека кучето е во добра здравствена состојба и дека неодамна било прегледано поради стрес, поради честите посетители и фотографирање.

Боби е раса на португалско овчарско куче, а според неговиот сопственик, тој имал потешкотии со одењето и слабеење на видот во последните години.

Поврзани новости