Кипарските гласачи, го избраа Фидијас Панајоту, 24-годишен Јутјубер познат по неговите популарни видеа, за независен член на Европскиот парламент.
Со 2,6 милиони претплатници на Јутјуб, тој стана познат благодарение на видеата од средбите со познати личности, меѓу кои и американскиот милијардер Илон Маск, за кого тврди дека е неговиот херој.
Панајоту, син на грчки православен свештеник, го искористи своето присуство на социјалните мрежи за да ги охрабри младите Кипарци да гласаат. Меѓу неговите подвизи се видеа како гушка 100 личности, поминува една недела во ковчег и тренира со кинеските мајстори на „Шаолин кунг фу“.
@nassummit How @fidias0 hugged his hero, Elon Musk! 🫨🫂
Тој лани помина неколку месеци пред зградата на седиштето на компанијата X на Илон Макс, обидувајќи се да го убеди основачот да го прегрне. За себе вели дека е „професионалец кој греши“ без политичко искуство или партиска припадност, а во предизборната кампања ги повика младите да гласаат за Европскиот парламент.
Тој освои 19,4 отсто од гласовите на Кипар, а неговата неочекувана победа се смета за отфрлање на традиционалните политички партии.
„Она што се случи беше шок, чудо. Партиите треба да го сфатат ова како предупредување дека мора да се модернизираат и да го слушаат народот“, додаде Панајоти.
Весникот „Филенјус“ го нарече неговиот подем „гласна“ порака до партиите и чекор кон „промена на политичката карта“.
Младиот Јутјубер кој целосно ги користеше социјалните мрежи, со аполитичка реторика, без политички позиции, без знаење – признава и самиот – за Европската унија, успеа да предизвика револуција“, пишува „Филенјус“.
Набљудувачите сметаат дека изборот на некој без програма покажува дека традиционалните партии се исклучени од гласачите и не го разбираат влијанието на социјалните мрежи.
Кипар, најисточната членка на Европската унија, има околу 900.000 жители, од кои 683.432 се регистрирани за гласање.