ВИДЕО Најмасовен протест во Минкс досега, учествуваат и работниците и рударите

by Фокус

Во Минск денеска почна уште еден протест, што е најавен како најмасовен досега. Првичните информации за досегашната присутност на протестот варираат од 70.000 до 250.000 луѓе, зависно од наклонетоста на изворот на информации.

На протестите се приклучија и работниците од фабриката МТЗ и рударите од Солигорска, кои се во штрајк и покрај вчерашните предупредувања од белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ако не се вратат на работните места ќе добијат отказ.

Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите. Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.

Поврзани новости