ВИДЕО: Најмалку двајца загинати во ракетираниот трговски центар во Украина

by Fokus

Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени во ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавуваат светските агенции.

Градоначалникот на Кременчук Виталиј Мелециј изјави дека во ракетниот напад има загинати и ранети, но не кажа колку.

 

Кременчук е индустриски град кој пред војната имал околу 217.000 жители. Во него се наоѓа најголемата украинска рафинерија за нафта.

 

Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот трговскиот центар во Кременчук, јавува Би-Би-Си, додавајќи дека се стравува дека во нападот може да има многу загинати и повредени.

Градоначалникот на Кременчук нападот го нарекол „руско воено злосторство и злосторство против човештвото“.

„Ова е отворен и циничен терористички напад врз цивилното население“, напишал тој.

Пожарот избувнал веднаш штом руските ракети погодија трговски центар со површина од 10.000 квадратни метри, пренесува медиумот.

Поврзани новости