(ВИДЕО) Најмалку двајца загинати во големиот пожар во зграда во близина на Москва

by Fokus

Денес се запали зграда во Фрјазин, град кој се наоѓа на 25 километри североисточно од Москва. Најмалку две лица загинаа во пожарот, изјави гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

Во пожарот во Фрјазин за жал две лица загинаа, а на терен се 12 екипи на итната помош, напиша Воробјов на својот канал Телеграм.

Итната помош потврдила дека конструкцијата на зградата се урнела.

Напорите се насочени кон спасување на луѓе и гаснење на пожарот, изјави извор од итната служба.

Хеликоптер Ка-32 од Московскиот авијациски центар е испратен на локацијата за да помогне во гаснењето на пожарот, потврди прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Според последните податоци, пожарот зафатил 4.500 метри квадратни. Пожарот зафатил четири ката. Во гаснењето учествуваат повеќе од 100 луѓе, а работата на спасувачите ја отежнуваат високите температури и густиот чад.

Првично руските медиуми објавија дека гори истражувачкиот институт Платан, но државната компанија Роселектроника објави дека зградата нема никаква врска со истражувачките институти и одбранбената индустрија, туку „стана приватна сопственост кон крајот на 90-тите“.

 

Поврзани новости