(ВИДЕО) Најмалку четворица загинати во израелскиот напад врз Јемен, гори важно пристаниште

by Fokus

Министерството за здравство на Хутите во Јемен штотуку објави четири смртни случаи по денешните израелски напади.

Уште 29 лица се повредени, се вели во соопштението,објави Скај Њуз.

Израелската војска претходно соопшти дека користела десетици авиони, вклучително и борбени авиони, за да ги нападне електраните и пристаништата Рас Иса и Ходеида.

Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење“, се вели во соопштението.

Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.

Милитантите Хути истрелаа проектили врз Израел во последните два дена.

 

Поврзани новости