Најмалку 20 лица се повредени во судир на трамваи во близина на железничката станица во Стразбур.
„Првичната бројка е 20 полесно повредени“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека се уште не се разјаснети околностите за несреќата.
At least 20 injured after two trams collided at station in Strasbourg, France – CNewspic.twitter.com/0a9T5qeeFF
— BNO News (@BNONews) January 11, 2025
Новинар на АФП јавува дека е воспоставен безбедносен кордон околу местото на несреќата и дека пред станицата има бројни возила на брза помош.
Видеото од очевидци објавено на социјалните мрежи покажува хаотична сцена и два тешко оштетени трамваи во тунелот. Се чини дека еден од трамваите излетал од шините поради судирот.
ALERTE – Collision entre deux tramways dans le tunnel de la gare de #Strasbourg. Des dizaines de blessés. Les secours affluent en nombre sur place. (@Samstark75 / France 3) pic.twitter.com/oATObaIWbj
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 11, 2025
Стразбур беше првиот голем француски град кој ги врати трамваите во функција во 1994 година и оттогаш немаше поголеми несреќи.