На социјалните мрежи излезе и видео од нападот во метрото во Бруклин, Њујорк во кое според американските медиуми засега се застрелани 13 лица а повредени неколку лица.
NYC ! Subway attack! pic.twitter.com/piSsXtYxJ4
— Nelson Veloz Grullon (@GrullonVeloz) April 12, 2022
Имено, Американците започнаа да споделуваат видео записи во кои се гледа стравични моменти од нападот како чади еден од патничките вагони во подземното метро при застанување и од него излагаат повеќе застрелани лица.
Засега американските власти се уште не се изјаснија за нападот дали станува збор за терористички чин, но од она што се гледа на видеото е загрижувачко и вознемирувачко.
АФП наведува дека досега се повредени над 13 лица, додека информациите за можни жртви сè уште се недостапни.
Полицијата во моментов трага по осомничениот за нападот.
Медиумите јавуваат дека по експлозијата и пукотниците во метрото во тек е полициска потера по маж со гас-маска облечен во портокалов елек како што го носат градежниците.