ВИДЕО Најмалку 12 загинати во стампедо во индиски храм

by Фокус

Најмалку 12 аџии загинаа, а повеќе од десет се повредени во стампедо во хинду храм во индиски Кашмир во саботата наутро, соопшти полицијата.

-Дванаесет аџии загинаа, а 14 се повредени во стампедо рано изутрината во храмот Мата Ваишно Деви – рече висок полициски службеник Мукеш Синг.

До стампедото дошло кога толпата луѓе кои дошле да го прослават доаѓањето на новата година влегле во светилиштето.

-Исклучително сум тажен поради загубата на животи во стампедо – се вели во пораката со сочувство од премиерот Нарендра Моди.

Покрената е истрага за да се утврди како дошло до несреќата.

Поврзани новости