(Видео) Најголемиот носач на авиони во Светот вплови во Осло

by Fokus

Најголемиот воен брод во светот, носачот на авиони „USS Gerald R. Ford“ пристигна денес во Осло, што соседна Русија го критикуваше како „нелогичнa и штетнa“ демонстрација на сила.

Бродот на нуклеарен погон долг 337 метри, и кој може да носи до 90 авиони и хеликоптери, вплови во фјордот во Осло под придружба. Тој се очекува да остане во Осло  неколку дена пред да се упати кон Арктикот каде се оддржуваат воени вежби, јавуваат норвешките медиуми.

Околу бродот беше воведена голема забрана за воздушниот и морскиот простор.

„Посетата и присуството на носачот на авиони дава единствена можност да ја развиеме нашата соработка и блиска соработка со нашиот најважен сојузник, САД“, се вели во соопштението на норвешката војска.

Руската амбасада во Норвешка ја критикуваше „посетата“ која доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Западот и Русија поради војната во Украина.

„Нема прашања на северот кои бараат воено решение, ниту прашања за кои е потребна надворешна интервенција. Со оглед на тоа што Осло признава дека Русија не претставува директна воена закана за Норвешка, таквите демонстрации на сила изгледаат нелогични и штетни“, изјави портпаролот на руската амбасада Тимур Чеканов за АФП.

Норвешка дели копнена граница со Русија на далечниот север, како и поморска граница во Баренцовото Море.

 

Поврзани новости