Групи демонстранти одржаа протести пред парламентот во Израел, барајќи нови избори и промена на власта.
Повеќе од 100.000 луѓе демонстрираа во Ерусалим, против владата на Бенјамин Нетанјаху и против ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од воена служба, пренесува Ројтерс.
Во протестите учествуваа и оние кои ги предводеа масовните протести минатата година во Израел.
Учесниците на протестот, исто така, сакаат подеднаков удел во товарот на воената служба, што се однесува на мнозинството Израелци.
Massive anti govt protests in Israel!
Protesters demand government secure a ceasefire deal & insist on early elections
Meanwhile, Israeli PM Benjamin Netanyahu to undergo hernia surgery, Deputy PM Yariv Levin to step in temporarily pic.twitter.com/whD7YyN3F5
— Nabila Jamal (@nabilajamal_) April 1, 2024
Антивладините протести почнаа во неделата во Ерусалим и, како што беше најавено, ќе траат четири дена. Демонстрантите поставија шатори и ја поминаа ноќта пред Кнесетот.
Бараат оставка од Бенјамин Нетанјаху и распишување избори. Опозицијата тврди дека протестите се единствениот спас за Израел.
Израелскиот премиер пак изјави дека распишувањето избори во овој момент само ќе му користи на Хамас.
ИДФ е подготвена за операција во градот Рафах, дом на повеќе од милион палестински бегалци од другите делови на Газа. Израелските сили тврдат дека евакуираат цивили од зоната на операцијата и најавуваат пресметка со бригадите на Хамас, за кои велат дека се кријат во тој град долж границата со Египет.