ВИДЕО Најдено мртво тело за кое се смета дека е на македонската глумица Адеа Шабани

by fokus

Полицијата во Лас Анџелес пронајде женско тело во плитка гробница 80 километри од Сакраменто, Јужна Калифорнија, за кое се верува дека е на македонската актерка Адеа Шабани која исчезна пред повеќе од еден месец.

Од полицијата изјавија дека детективите веруваат дека станува збор за телото на 25-годишната актерка, но поради состојата во кое е пронајдено не може стопроцентно да тврди дека се во право.

Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи во ЛАПД вчера на прес-конференцијата во центарот на Лос Анџелес рече дека истражувачите веруваат дека телото ѝ припаѓа на Шабани. Се смета дека причини за смртта е убиство, но се чекаат податоци од обдукцијата.

Полицијата се сомнева во момчето на Шабани.  33-годишниот Крис Споц викендов изврши самоубиство пукајќи си во глава откако претходно бегаше од полицијата. Според пишувањата во американски медиуми, постоел сведок кој ги видел како Шабани била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.

 

Поврзани новости