(ВИДЕО) Најбројни протести против Нетанјаху досега – Израелците масовно излегоа на улиците

by Fokus

Десетици илјади Израелци се собраа вечерва во Тел Авив за да побараат од владата да постигне договор за ослободување на заложниците од Појасот Газа.

Околу воениот штаб се собраа маси луѓе, а според Тајмс оф Израел овој протест се очекува да биде најголем досега.

Протестот се одржува откако израелската армија во саботата вечерта ги лоцираше телата на шестмина заложници во Појасот Газа.

Истовремено, семејствата на седумте американски заложници кои и денеска се во енклавата побараа преку изјава од премиерот Бенјамин Нетанјаху да се склучи договор за враќање на заложниците и примирје.

Тие предупредија дека се загрозени животите на заложниците и потсетија дека во неколку наврати предупредувале за можноста од таков исход.

ИД го пронашла и телото на американскиот заложник Херш Голдберг Полин, а американскиот претседател Џо Бајден денеска разговарал со неговите родители за да му изрази сочувство за убиството на нивниот син од страна на Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

Поврзани новости