(Видео) Надојдена буица однесе регионален пат кај Крива Паланка, во Велес поплавени објекти

by fokus

Од силниот пороен дожд кој во попладневните часови ја зафати територијата на општина Крива Паланка надојдена е реката Латковица кај с. Огут. Од надојдената буица-вода кај пропустите на патот прекинат е сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав, соопшти Центарот за управување со кризи.

Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.

За настанот веднаш биле известени градоначалникот на Општина Крива Паланка како и Раководителот на Македонија пат Подружница Крива Паланка.

Поради обилните врнежи од дожд во градот Велес, пак ТППЕ Велес интервенираше на поплава на 2 деловни објекта на улица „Благој Ѓорев“ и на поплавена куќа на улица В.Атанасов 22 во населба Превалец.

На регионалниот пат од Кавадарци-Прилеп, кај тунелите од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци кое не извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот.

Поврзани новости