(Видео) Над 50 затвореници избегаа од затвор во Индонезија, успеаја да го пробијат силното обезбедување

by Fokus

Повеќе од 50 затвореници побегнаа од затвор во Индонезија, а видеото од надзорот покажува како тие скокаат преку огради, трчаат по главниот пат во близина на затворските порти и се качуваат на покривот.

Бегството од затворот Кутачане во југоисточна Индонезија се случило во понеделникот, кога затворениците чекале ред за храна во мензата, пренесува Метро.

Иако обезбедувањето веднаш реагирало и се обидело да ги спречи затворениците да избегаат, тие ги пробиле одбранбените линии и дури 32 избегале, а 21 затвореник бил вратен во затвор.

„Сè уште активно ги бараме преостанатите бегалци и ги повикуваме да се предадат. Подобро е да се предадете отколку да се соочите со построги казни“, изјави началникот на полицијата Дони Сумарсоно.

Се сомнева дека пренатрупаноста довела до успешно бегство, со оглед на тоа што затворот Кутачане бил дизајниран да собира 100 луѓе, но во тоа време имало 350.

Патем, бројот на затвореници во затворот значително се зголемил во последниве години.

Ел Салвадор, исто така, има проблеми со пренатрупаноста, што резултираше со изградба на „најголемиот затвор во Латинска Америка“, бидејќи лидерот Наџиб Букеле започна акција против бандите во земјата.

Може да прими 40.000 затвореници – објектот се состои од осум големи павилјони, во секоја ќелија има од 65 до 70 затвореници. Никој не прима посетители.

Многу организации за човекови права се изјаснија против објектот и пошироко против безбедносните политики на Букеле. Заклучиле дека секој затвореник имал просечна површина од само 0,60 квадратни метри, што е кршење на меѓународните стандарди.

Поврзани новости