Над 40 лица се повредени во ударот на тајфунот Хаикуи, кој денеска го погоди Тајван, повеќе од 119.000 од нив останаа без струја, а повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани.
Тајфунот Хаикуи денеска помина над Тајван, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд и силни налети на ветер, јавува Гардијан.
Хаикуи, првата бура во последните четири години што го премина централниот планински венец на островот, имаше потенцијал да направи хаос со предизвикување лизгање на земјиштето и карпи во локалните заедници.
-Ги потсетувам сите да се подготват за тајфунот и да се грижат за својата безбедност. Избегнувајте излегување или какви било ризични активности, рече тајванскиот претседател Каи Инг-вен.
Во градот Тајтунг дрвјата откорнати од налетите на ветрот што му претходеа на тајфунот ги прекриа улиците.
-За малку ќе заборавив како е да се биде во тајфун. Колку се силни ветровите, изјави сопственикот на локалниот ресторан Хуанг Јун-тонг во тој град, додавајќи дека кога се разбудил, веднаш отишол во продавницата за да се увери дека се е заштитено.
-Вчера беше толку мирно што немавме чувство дека доаѓа тајфун, рече тој.
Се очекуваше Хаикуи да биде помалку моќен од тајфунот Саола, кој го заобиколи Тајван, но претставуваше највисоко ниво на закана во блискиот Хонг Конг и јужна Кина, пред да ослаби на статусот на тропска бура до сабота.
Typhoon Saola hit China, the most destructive typhoon to hit the region since 1949.
Authorities in the southeast of the country and Hong Kong have already suspended flights and declared the highest alert level.
Strong winds blow down trees and city streets are under water. pic.twitter.com/6XrtVFDe3W
— XYY (@Chelseanakam0t0) September 3, 2023