(ВИДЕО) Над 100 илјади луѓе на масовниот протест во Белград: Наместо хаос, избираме мудрост

by Фокус

Стотици илјади граѓани се собраа на студентските протести во Белград кои официјално почнаа во 16 часот. Колони луѓе се собрани пред Народното собрание , но и пред плоштадот Славија, каде на поставена бина се обратија десетина студенти кои испратија емотивни пораки со надеж за промени.

Тие порачаа дека долго време молчеле за сите неправди и ги повикаа сите граѓани да им се придружат на барањата за подобра иднина.

-Се случуваат сериозни промени, ќе изградиме систем. Наместо хаос, избираме мудрост, не сакаме да уништуваме туку да градиме – порача студентка.

Протестите, како што пренесуваат српските медиуми засега се генерално мирни и без посериозни инциденти. Според проценките на српската полицијата, на денешните протести на сите локации во Белград, бројот на учесници бил околу 107.000, од ​​кои најголем број се од внатрешноста.

-Досега нема поголеми инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир, уште еднаш апел до сите учесници на протестот да го зачуваат мирот и достоинството на нашата држава во наредните часови, во духот на граѓанската одговорност и почитување на законите – апелира српската полиција.

Поврзани новости