(Видео) Началникот Герасимов ги одликува руските војници кои се бореа кај Авдијевка

by Fokus

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, Валериј Герасимов, ги посети војниците кои се борат во Украина и по тој повод ги награди војниците кои се истакнаа во битките кај Авдијевка, пренесува РИА Новости.

„Командантот на руските сили, генерал Герасимов, го посети командното место на групата Центар во зоната на специјални воени операции, каде им додели одликувања на војниците кои се истакнаа за време на ослободувањето на Авдијевка и им се заблагодари за нивната храброст“ се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека генералот Герасимов ги разгледал и привремените резултати од извршувањето на борбените задачи на воената група Центар и го слушнал извештајот на командантот на групата, генерал полковник Андреј Мордвичев за понатамошните дејствија околу Авдијевка.

Во вечерните часови на 17 февруари, министерот за одбрана Сергеј Шојгу поднесе извештај до рускиот претседател Владимир Путин за целосна контрола над Авдијевка, чие ослободување овозможува да се оддалечи линијата на фронтот од Доњецк.

Украинската војска на 17 февруари се повлече од Авдијевка, северно од Доњецк, а борбите за тој град траеја неколку месеци.

Поврзани новости