541
Денеска со качулка на главата и под строги безбедносни мерки во Основниот суд во Тетово е доведена 17-годишната девојка која е осомничена за убиството на 16-годишното момче во тетовско Бањиче кое беше пронајдено мртво во водите на реката Пена.
Тетовасот објави дека девојката денеска треба уште еднаш да даде исказ пред судијата.
Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена дека со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.