(ВИДЕО) На прес на Захарова и рекоа да не зборува за нападот врз Днипро, микрофоните ја „уловија наредбата“

by Fokus

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова одговори на телефонски повик додека одговараше на прашања на новинарите на редовната прес-конференција.

За време на повикот се слушнал машки глас кој и рекол да не го коментира нападот со балистичка ракета за кој зборува Западот.

Инаку, денеска Русија наводно извршила напад со интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) врз Днипро. Ова, доколку се потврди точноста на оваа информација, би било прва употреба во историјата на ваков тип на оружје, способно да носи нуклеарна боева глава, во војна.

Безбедносните експерти велат дека нападот ќе биде прва воена употреба на интерконтинентална балистичка ракета. ICBM се стратешко оружје дизајнирано да носат нуклеарни боеви глави и се важен дел од руската доктрина за нуклеарно одвраќање.

Украинското воено воздухопловство тврди дека бил истрелан од руската област Астрахан, на повеќе од 700 километри од украинскиот град Днипро. Не се знае каква боева глава носела проектилот или каков модел бил.

Поврзани новости