(Видео) „На Македонија и треба целосна трансформација, да се обединиме за голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај“ порача Мицкоски од Швајцарија

by Fokus

Од ова место можеме сите ние заедно да си признаеме дека за жал генерациите кои го наследија македонскиот великан Гоце Делчев можеби не успеаја во тоа што тој го остави како свој аманет. За жал многумина во минатото неговите зборови поинаку ги протолкуваа, или не ги разбраа доволно и затоа денеска Македонија и македонскиот народ како еден од најмалкубројните народи во Европа, се наоѓаат под предизвикот на опстојување, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со македонската заедница во Тринген, Швајцарија.

Мицкоски истакна дека после 8 мај и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинаку, а прва задача ќе биде повеќе деца да се крштеваат во Македонија отколку во странство, односно да се вратат луѓето дома.

– Ние како политичари да сториме се што е во наша моќ да овозможиме услови нашата дијаспора да се врати дома, да живее, инвестира и биде задоволна. Сакам следната ваква средба да ја направиме со историски најголемата победа на 8 мај дома во Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ беше исправена пред бројни предизвици, но, издржа, успеа и денес се наоѓа пред историска победа

– Успеавме издржавме и денеска можеме да бидеме горди дека после историската борба на локалните избори во 2021 година кога за прв пат политичка партија од позиција на опозиција освои мнозинство, сега сме пред историска победа на парламентарните и претседателските избори како никогаш досега. Таа победа мора да биде со консолидиран број 61 пратеници, затоа што победата нема да биде доволна само за обични реформи, нас ни треба целосна трансформација на Македонија. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ која ќе има можност да ја води Македонија и да работи само за интересот на Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија,

Поврзани новости