751
Пред зградата на бугарската Влада денеска се одржа мирен протест за одбрана на лидерот на најголемата опозициска партија во земјата-ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.
На приврзаниците на ГЕРБ им се придружија и пратениците од пратеничката група на оваа партија, кои побараа предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.
Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција. Сообраќајот во реонот на бугарската Влада беше блокиран, а имаше зголемено полициско обезбедување. Претпладне протестот се пресели пред зградата на МВР.