(ВИДЕО) На дипломатската седница се степале украински претставник и руски делегат

by Fokus

Инцидентот се случил на дипломатска конференција во Турција кога рускиот претставник го грабнал знамето што го држел украински функционер.

Конфликтот избувна во главниот град Анкара, кога неидентификуван маж му го одзеде знамето на Украина од рацете на Олександр Мариковски, кој во тој момент се фотографирал.

Инцидентот се случил откако членови на украинскиот парламент се обиделе да го прекинат говорот на руската делегација на состанокот на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (PABSEC).

Имено, Украинците го развиориле знамето на својата земја зад Русите во моментот кога тие го држеле својот говор. Говорот беше прекинат, а членовите на украинската делегација беа изнесени од салата.

По ова следеше физичка пресметка пред салата меѓу претставникот на украинскиот парламент, Олександр Мариковски и неименуваниот руски делегат.

Додека Мариковски позирал со знамето на Украина, маж му го грабнал од раце, поради што Мариковски го нападнал.

Според NOELreports, тие во тепачката си размениле неколку удари.

 

Поврзани новости