Министерството за внатрешни работи објави детали за акцијата, која македонската јавност ја нарече, „Кокаин“, а во која беше уапсена македонската актерка Силвија Стојановска. Според МВР, станува збор за меѓународна акција под називот „Колибри“.
-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани.
Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА, велат од МВР.
МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Publiée par Министерство за внатрешни работи sur Mardi 24 décembre 2019