0
Македонскиот министер за внатрешни работи – Панче Тошковски, преку видео порака им се обрати на СДСМ по повод бегството на Артан Груби.
Тој изјави дека МВР располага со видео материјал кој јасно покажува прекршување на закон и процедури од страна на полициски службеник во моментот кога Груби избегал.
Според Тошковски, МВР ги обезбедило сите докази и доставило известување до Обвинителството, а кривична пријава ќе биде поднесена по консултација со обвинителот.
Тој додаде дека против полицискиот службеник е изречена суспензија и дека него не го познава лично.